Повторно дефект, повторно рестрикции во Тетово


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Повторно се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во Тетово, како резултат на дефект на линијата Лешница.

Нов дефект, на истото место, на главната водоводна цевка од фи-500 во линијата во Лешница. Повторно настанало лизгање на земјиштето, поради што цевката е оштетена.  Од Регионалната единица „Водовод и канализација“ причината ја гледаат во земјотресите, кои се случуваа изминативе денови во овој регион.

„Како резултат од земјотрес имаме лизгање на земјиште во линијата во Лешница каде имаме дефект во главната цевка од фи-500.
Моментално водата во градските резервоари драстично се намали во една средна вредност од 150 л/с, исто така за ублажување на оваа ситуација, ЈКП „ТЕТОВО„ Тетово ги пушти и активира и четрите бунари во градот Тетово
“.

Моментално водата во градските резервоари драстично е намалана поради што се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето три пати во едно деноноќие.

Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, Ве информираме дека од денеска (Вторник ) 16.03.2021 ЈКП „ТЕТОВО„ Тетово ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 и после полноќ од 00:00 до 05:00. часот“.

Од Регионалната единица „Водовод и канализација“ велат дека рестрикциите ќе траат до санирање на дефектот во главната водоводната линија во Лешница.