Поголемата фрекфенција на граѓаните – ризик од зголемување на позитивни случаи на ковид 19 во Тетово

Поголемата фрекфенција на граѓаните, особено со доаѓањето на печалбарите и одржувањето на свадбени и други веселби, носат ризик од зголемување на позитивни случаи на ковид 19 во Тетово, градот кој речиси во секој бран беше на врвот по бројот на заразени.

            Доктор Илчо Ефкоски, вели дека благиот пораст се должи на тоа што граѓаните повеќе време поминуваат во климатизирни простории без вентилација, а не се почитуваат доволно ниту сегашните препораки за носење маска во здравствени установи и во јавен превоз.  

            Граѓаните во анкета велат дека не постои здравствена свест кај народот.

            Зголемувањето на бројот на позитивните случаи на КОВИД-19 во земјава е за 65 проценти, но за среќа нема зголемување на бројот на хоспитализации.

            Министерот за здравство, Беким Сали, вели дека ќе се насочат кон подигање на свеста и покани за вакцинација за ризични групи. Негова оценка е дека овој бран ќе биде поголем од претходните.

            Здравствените власти најавуваат дека доколку има тренд на зголемен број на случаи ќе се воведат рестриктивни мерки.  

Данијела Билбилоска