Поголемо присуство на терен на реонски полицајци, бараат граѓаните кои учествувале во истражувањето на јавното мислење на Центарот за европски стратегии – Евротинк

Кражби, кучиња скитници, неосветлени улици… ова се дел од проблемите на жителите на Полошко кои прават да се чувствуваат небезбедни. Тие бараат полициските службеници да бидат повеќе присутни на улиците и во населбите, иако според последното истражување на Евротинк повеќе веруваат на полицијата, за разлика од резултатите на ниво на држава. Од СВР Тетово велат дека нивни екипи се на терен, но за поголема ефикасност граѓаните се тие кои треба да пријавуваат .

Поголемо присуство на терен на реонски полицајци, бараат граѓаните кои учествувале во фокус групите и во истражувањето на јавното мислење на Центарот за европски стратегии – Евротинк. И покрај поголемата доверба во полицијата која ја имаат жителите во Полошко, за разлика од државниот просек, поголема резервираност во однос на транспарентноста, сепак неминовни се проблемите кои прават да се чувствуваат небезбедни.

Од СВР Тетово, пак, велат дека нивни екипи се на терен, но бараат поголема соработка од граѓаните, за тие да пријавуваат иформации за нелегални дејствија.

Во анкета, пак, граѓаните велат дека на улиците најчесто гледаат сообраќајни полициски службеници, така што според едни, треба да има и позорникари, а според други 

Инаку според Евротинк од вкупно 9 полошки општини само во три има активни Локални совети за превенција Тетово, Врапчиште и Желино, додека во Брвеница и Гостивар иако имаат формирано вакви совети, но не се активни.

Данијела Билбилоска