Подготовка за летните одмори од здравствен аспект

Во период кога официјално започнува сезоната на летни одмори, неизоставен дел при секое одење на одмор е добрата подготовка особено од здравствен аспект. Топлото време проследено со високо ултравиолетово зрачење, треба да подразбира добра припрема на кожата пред да се изложи на сонце. Кремите со висок заштитен фактор се повеќе од неопходни со цел избегнување на несаканите ефекти, потенцира д-р Светлана Трифуновска.

Правилната исхрана проследена со лесна храна, консумација на витамини како и хидратацијата на телото исто така се клучни пред секое одење на одмор.

Докторите советуваат пред секое одење на одмор да се подготви и патна аптека којашто треба да ги содржи потребните медикаменти за превенција од несканите последици коишто ги носи летото.

Ивана Серафимовска