Подготовки за изградба на модуларна болница за ковид пациенти


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во неа ќе има дополнителни 35 кревети.

Иако состојбата со пандемијата во тетовскиот регион засега е стабилна, лекарите стравуваат дека за две недели може да има раст на бројките на заразени со ковид 19, поради доаѓањето на печалбарите и очекуваните собири за новогодишните празници.

Во меѓувреме се прават подготовки за изградба на модуларна болница. Во моментов нема итна потреба за таков објект, но е добредојден.

Модуларната болница ќе има дополнителни 35 кревети и потребна медицинска опрема. Поставена е бетонска подлога, а се очекува да биде финализирана во текот на следниот месец.

Во тетовскиот Ковид центар моментално се хоспитализирани 33 пациенти од кои двајца се со потешка клиничка слика. Периодов има тренд на намалување на новите случаи.

Инаку во регионот на Тетово има 878 активни случаи со ковид 19.