Поддршка за децата Роми од претшколска возраст и основно образование

Училишен прибор, таблети, храна и хигиенски средства за децата Роми од претшколска возраст и основно образование. Невладината „Сонце“ во соработка со своите стратешки партнери Ромски ресурсен центар и Ромски образовен фонд, ја обезбедува оваа поддршка за дечињата на кои помошта им е најпотребна во овој период.

Проектот се имплементира веќе две години во општина Тетово, Гостивар и Шуто Оризари и има за цел вклучување на децата Роми во образовниот процес.

Градинката „Младост“ започнала со имплементирање на овој проект уште на самиот негов почеток.

1 јуни се одбележува како Меѓународен ден на детето, прогласен од страна на УНИЦЕФ. Заради состојбата со коронавирусот не се одржуваат активности во кои се вклучени учениците. Но, Ахмед Ќазими од Секторот за јавни дејности ја потенцираше важноста на ваквите проекти чија цел е инклузија на сите ученици во образовниот процес.

Овој проект е дел од поголема програма која ја имплементира Ромскиот образовен фонд, а е финансиран од Европската Унија и се применува во земјите од Западен Балкан и Турција.

error: Content is protected !!