Подобро за Тетово : го исполнивме ветувањето – ги дониравме советничките плати

На прес конференција кандидатите за советници од независната листа „Подобро за Тетово“ информираа дека ги донирале платите на двајцата досегашни советници, како и на членови на комисии. Меѓу другото, со нив набавиле 50 корпи за отпадоци.