Подршка за Иницијативниот одбор против поскапувањето на струјата

По Тетово, Гостивар Скопје Куманово и Дебар иницијативни одбори против поскапувањето на цената на струјата се формираат во Битола Струга и Кичево. Подршката се зголемува низ цела држава. Се најавуваат нови протести во петок, велат од тетовскиот одбор.

 Покрај подршката се зголемуваат и барањата на иницијативните одбори против поскапувањата на струјата. На синоќешниот состанок кој во Тетово го одржаа повеќе одбори беше одлучено главен приоритет на идното независно тело како едно од нивните барања да биде заштита на потрошувачите, а не на компаниите.

Иницијативниот одбор бара да се укине одлуката за зголемување на цената на струјата, а во меѓувреме поради економската криза предизвикана од пандемијната истата да се намали, да се иземе правото на монопол на компанијата која ја дистрибуира струјата до потрошувачите, како и да укине Регулаторната комисија за енергетика.

Иницијативниот одбор против поскапувњето на цената на струјата го сочинуваат група граѓани, кои за во петок најавуваат нови протести во повеќе градови во земјава.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!