Пожарникарите секојдневно гаснат пожари на отворен простор


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Од ТППЕ Тетово апелираат на поголема внимателност во насока на превенција од пожари.

Тетовските пожарникари со полни раце работа откако се зголемија температурите на воздухот. Секојдневно интервенираат во гаснење гаснат пожари на отворен простор, за што како причина најчесто го посочуваат човечкиот фактор, особено во екот на земјоделските активности на нивите и полињата. Оваа година биле опожарени и дури 12 патнички возила.  

Од Територијалната противпожарна единица Тетово апелираат на поголема внимателност во насока на превенција од пожари.

За неодговорно однесување или намерно предизвикување на пожари, предвидени се законски санкции. Затворските казни се движат од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.