Пожар од запалени контејнери во Тетово

Четири контејнери синоќа околу 23 часот гореа во центарот на Тетово, поставени до една од зградите во комплексот Ловец. На социјалните мрежи се појави видео каде што се гледа дека се работи за голема огнена стихија. Реакција за случката имаше и од градоначалникот на Општина Тетово Биљал Ксами, на социјалните мрежи.

-ЈАВНИОТ ПРОСТОР Е НА СИТЕ И СИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СВОЈОТ ДОМ. ОВИЕ СЦЕНИ НЕ МУ СЛУЖАТ НА НАШИОТ ГРАД, ОВА НЕ Е НАШЕ ГРАЃАНСТВО. БАРАМЕ ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ, А ОДГОВОРНИТЕ ДА ЈА ДОБИЈАТ ЗАСЛУЖЕНАТА КАЗНА, истакна Касами.

За ставање на пожарот под контрола, реагирале пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово. Командирот Ука Алити вели дека палењето контејнери во Тетово е честа појава. Истакнува дека синоќешниот случај подразбира намерно палење на огнот.

„ЧЕСТО СЕ СООЧУВАМЕ СО ВАКВИ ОПАСНОСТИ. СИНОЌА ГО ГАСНЕВМЕ ПОЖАРОТ ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ЦЕНТАР, ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ИМАВМЕ ТАКВА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА ОПШТИНАТА. НА ДВЕТЕ ЛОКАЦИИ ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ ГИ СТАВИВМЕ ПОД КОНТРОЛА. ПОВТОРНО АПЕЛИРАМЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГИ ПАЛАТ КОНТЕЈНЕРИТЕ БИДЕЈЌИ НЕ СЕ ЗНАЕ СОДРЖИНАТА КОЈА СЕ НАОЃА ВНАТРЕ, ПА ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОГНОТ МНОГУ ДА СЕ ПРОШИРИ И ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ, А МНОГУ Е МОЖНО ДА СЕ ЗАПАЛАТ И ВОЗИЛОТА КОИ СЕ ПАРКИРАНИ ПОКРАЈ КОНТЕЈНЕРИТЕ. СЕ РАБОТИ ЗА НАМЕРНО ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ И ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР“, истакна командирот Алити.

Алити додаде дека во изминатата 2021 година, дури над 50 случаи се регистрирани како пожари во контејнери. По гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вработените во ЈКП Тетово-одделение за комунална хигиена ги остраниле остатоците од запалениот смет и контејнери и ги замениле со нови садови за оставање на отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *