Познатата манифестација „Галичка свадба“ ќе се одржи наредниот викенд

Наредниот викенд почнувајќи од 15-ти па се’ до 17-ти јули, ќе се одржи 48-то издание на манифестацијата „Галичка свадба“. И оваа година манифестацијата се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. За домашните и странските туристи кои планираат да бидат дел од овогодинешното издание на „Галичка свадба“, се најавува богата културна програма.

Овогодинешните младенци се Илчо и Елена кои живеат во Скопје, а годинешниот „галички зет“ по неговите две баби има потекло од селото Галичник. Тие пак, на денешната прес-конференција истакнаа дека голема чест и привилегија е да бидат годинешни младенци на познатата „Галичка свадба“.

Ивана Серафимовска