Пола милион евра од ЕУ за Тетово за проект за дигитализација на општински услуги
Во Тетово денеска се одржа почетниот настан на проектот „Иновативни дигитални општинскирешенија во Општина Тетово”, со финансиска поддршка како дел од програмата финансирана од Европската унија “ЕУ за општините”. Овој проект треба да придонесе за подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на комуналните услуги.
Европската Унија на Општина Тетово и даде пола милион евра за проект за иновативни дигитални општински решенија. Со примена на информатичка и комуникациска технологија ќе се подобруваат општинските услуги и ќе се подобрува инспекцијата и заштита на животната средина. Акцијата ќе ги дигитализира повеќето услуги за што ќе се обучува персоналот и граѓаните.
Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефeн Худолин, порача дека проектите треба да се спроведуваат, за земјата да биде подготвена за идното членство во Европската Унија.
Проектот се спроведува во соработка со Фондацијата Албиз.
Почетокот на проектот бил на 17 јануари 2022 година и се очекува да трае 40 месеци.
Данијела Билбилоска