Полицијата продолжува со засилените контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници
Притоа 7 сопственици на возила заработиле кривични пријави бидејќи не поседувале лиценци за ваков превоз.
Вчера во периодот од 12 до 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, спровеле засилени сообраќајно-контролни активности на возила кои вршат јавен превоз на регионалните патишта Тетово-Јажинце и Тетово-Пирок.
При контролата биле откриени и законски санкционирани 7 возила, кои не поседувале лиценци за ваков превоз. На нивните сопственици изготвени им се соодветни кривични пријави согласно член 284 а од Кривичниот законик.
Во исто време била спроведена засилена контрола и на магистралниот пат Гостивар-Кичево, со која биле опфатени вкупно 12 автобуси и комбиња, но не биле откриени возила без лиценца, односно други прекршоци.