Полицијата ќе дели флаери со пораки и совети за задолжително користење на сигурносни појаси во возилата

Кампањата е во функција на поголема безбедност на возачите и сопатниците.     

Неделава на поширокото тетовско-гостиварско подрачје започнаа планираните активности во рамките на сообраќајната воспитно-едукативна кампања, чие мото е „Летна кампања“, а што заеднички ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во текот на кампањата на возачите од ова подрачје, покрај другото, ќе им бидат дистрибуирани околу 3000 флаери, испечатени на македонски и на албански јазик, со пораки и совети за задолжително користење на сигурносни појаси во возилата, во функција на поголема безбедност на возачите и сопатниците.              

Флаерите содржат, исто така, и појаснувања – кога и за што да се употребуваат ваквите појаси, но во нив  се потсетува и на законските санкции за неисполнување на оваа законска обврска.

Целта на ваквите активности и кампањата во целина е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дотолку повеќе што во летниот период значително е зголемена вкупната фрекфренција и на патиштата во Полошкиот регион.

error: Content is protected !!