Полни контејнери, со расфрлан отпад
Вообичено во овој период од годината кога на дневна основа се собираат поголеми количини на смет, во Тетово може да се забележат преполни контејнери и купишта смет околу нив. Градоначалникот најави дека ЈКП Тетово ќе ги зголеми своите капацитети во пресрет на доаѓањето на печалбарите кога се собираат поголеми количини на смет.
Полни контејнери, со расфрлан отпад околу нив може да се забележи на повеќе места во Тетово. Од комунален смет сѐ до стар мебел. Количините на смет се очекува да се зголемат со доаѓањето иселениците, според искуствата од минатите години. Граѓаните не се задоволни од хигиената, бараат поголема ажурност на инситтуциите, но и поголема свест кај луѓето.
„Погледнете ги контејнерите и се ќе ви биде јасно, секаде има цигари хартии, се и сешто. Се е до луѓето, ако има казна тогаш ќе има и ефект околу хигиената“
„На нула е хигиената. Права депонија нема хигиена никаква“.
„Многу е прлаво да ви кажам не се чистат редовно контијнерите“
Градоначалникот Биљал Касами, најави дека комуналното претпријатие има план како да се справи со зголемените количини смет, а на жителите им порача редовно да ги плаќаат комуналните сметки и да се однесуваат поодговорно кон јавните површини
„Сигурно дека имаме план. Сега во лето кога доаѓаат нашите иселеници да ги зголемиме нашите капацитети за да одговориме на потребите. Апел до сите наши сограѓани да бидат посвесни во делот на плаќањето на обврските кон ЈКП Тетово, ако бараме чист град. Исто така апел да не фрламе сеглед отпад и секаков отпад. ЈКП стои на располагање за одреден вид отпад, ако се јават ќе дојдат да го земат отпадот и да го третира како што треба, а не да ги фрлат до контејнери“. – изјави Биљал Касами, градоначалник на општина Тетово
Инаку градот сѐ уште нема стандардизирана претоварна станица. Во атарот на селото Фалише наместо во посебни контејнери сметот се истура на земја, со што се загадува почвата и подземните води.
Данијела Билбилоска