Попова Шапка беше домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2023
На 7-ми и 8-ми февруари Попова Шапка беше домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и ФИС Сноуборд Куп 2023 во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација и сноуборд клубот ХМКД. На првенството покрај домашните претставници учествуваа повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји како Србија, Бугарија, Грција и Романија. Натпреварувачите се натпреваруваа во велеслалом и слоупстајл, во машка и женска конкуренција.
-Попова Шапка нуди одлични климатски и географски услови за уживање во зимските спортови, а со континуираните инвестиции во скијачките капацитети, соработката со Скијачката Федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и клубовите како ХМКД, скијачките центри како Попова Шапка добиваат на популарност, се шири интересот кај младите за зимските спортови и пред се истите да спортуваат во Македонија.Овогодинешните натпревари во сноуборд на Попова Шапка, во две дисциплини само дополнително придонесоа за афирмација на зимските спортови во Македонија.
Ваквите меѓународни натпревари и купови се одлична прилика за промоција и афирмација на овој наш зимски туристички центар, кој со големите инвестиции, дури и во време на економска криза, успеа да ги врати македонските љубители на зимските спортови да зимуваат во Македонија, порачаа од Скијачка федерација на Македонија.