Попова Шапка преполна за новогодишните празници

Од утрово пристигнуваа посетителите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат во викендиците.

Пандемијата со коронавирусот наметна нови правила за дочекот на Новата Година. Поради рестриктивните мерки нема организирани забави и без поголеми семејни свечености, па така голем дел од граѓаните се одлучија да заминат во зимско-рекреативниот центар Попова Шапка.

Центарот започна да се полни со туристи уште утрово. Постојано пристигнуваа граѓани кои новогодишните празници ќе ги поминат во викенд населбата, а некои, пак, дошле само на еднодневна прошетка.

Сместувачките капацитети на Попова Шапка се полни. Хотелите на Елем Турс ќе работат според здравствените протоколи.  

И приватните хотели се исполнети. За гостите е предвидена свечена вечера, без музика во живо, која ќе трае најдоцна до 21 часот.

Надлежните апелираат граѓантие да се придржуваат до заштитните мерки и протоколи, а полицијата ќе контролира дали ги почитуваат.