Поради забраната семејните веселби во полошко претежно се одржуваат во домашни услови.

Поради забраната семејните веселби во полошко претежно се одржуваат во домашни услови. Има и такви кои се организираат во рестораните, голем дел од нив добиле опомени. Угостителите сметаат дека треба да се дозволи да се организираат свадбите во нивните објекти, со посебни протоколи слични на тие кои важат за користење на услуги во затворениот дел од ресторанот, како на пример за семејни ручеци.

Пазарната инспекција само на еден ресторан во тетовско му стави клуч, затоа што не ги почитувал протоколите. Од инспекторатот велат дека опомените даваат ефекти, затоа и голем  дел угостителските објекти кои организирале свечености добиле таква мерка. Во последно време ретки се веселбите. Претежно се организираат во домашни услови, каде немаме ингеренции да контролираме, но сепак и za ваквите церемонии во домашен амбиент не консултираат.

Тетовци пак поделени. Дел од нив не сакаат да ризикуваат, а некои пак би оделе по свадбени церемонии, но со соодветна заштита.

И додека се чека да се измени протоколот број 8, кој забранува организирање веселби, угостителите трпат огромни загуби.

Тие сметаат дека забраната треба да се укине, оти и така е дозволено да се користат услугите во затворени простории.

И инспекторот Мемети смета дека треба да измени протоколот број 8

За разлика од април и мај, во месец јуни во тетовско се казнети неколкумини угостителски објекти кои не ги почитувале здравствените протоколи за време на пандемија, податок кој според инспекторатот доволно говори дека свеста кај угостителите е поголема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!