Поради затната цевка делови на Тетово повторно без вода


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Делови на Тетово повторно без вода за пиење. Причина е затната цевка на главната водоводна мрежа, на која минатата недела имаше два дефекта.

Затната водоводна цевка предизвика прекин во водоснабдувањето во неколку тетовски населби. Проблем повторно е лоциран во главната водоводна мрежа на улицата Цветан Димов, каде минатата недела имаше два последователни дефекта. Сега поради песок, камења и чакал се затнал вентилот на крстосницата со улицата Ѓорче Петров.

Минатата недела три дена голем дел од Тетово беше без вода за пиење поради пукање и потребата од замена на две места на голема цевка тип Ф300.