Поранешните вработени во фабриката Тетекс Јарн Лимитед се уште не ги добиле заостанатите плати

На денешната средба со раководството им било кажано дека претпријатието нема средства.

 Неуспешна беше и денешната средба на поранешните вработени во фабриката за предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед во Тетово со раководството. На барањето да им бидат исплатени двете заостанати плати за месеците февруари и март, на работниците им било одговорено дека претпријатието нема средства. Тие, пак, прашуваат каде се парите од продажбата на опремата. 

Во март беа отпуштени 160 вработени во фабриката, кои во неколку наврати протестираа. Се жалат дека останале без работа во време на пандемија и дека се уште немаат примања.

Став од раководството на фабриката не успеавме да добиеме и покрај нашите обиди. Ни беше одговорено дека управителот имал состанок и немал време да не прими.

error: Content is protected !!