Порасна бројката на заболени од Ковид 19 во Гостивар

Порасна бројката на заболени од Ковид 19 во Гостивар. Потврдени се 9 нови случаи на коронавирус во гостиварскиот регион и 1 позитивен тест земен пост мортем, од починато лице во болницата. Според информациите од медицинските служби денешните регистрирани случаи се од тридневни тестирања, направени на 9, 10 и 11 јуни.

6 од новозаболените се од Општина Гостивар и 3 од Опшина Врапчиште. Епидемиолозите ги спроведуваат анкетите и ги утврдуваат контактите за да се преземат соодветни мерки.

Со новите, вкупната бројка на активни болни во гостиварско достигна 40. Службите очекуваат резултати од уште 20-тина брисеви коишто се земени последните два дена.

„Носете маски, не се групирајте, одржувајте хигиена, на тој начин ризиците за заразување се сведуваат на минимум.“, апелираат лекарите.

Според податоците од полицијата, во изминатото деноноќие на гостиварското подрачје за неносење маски биле казнети 42 лица. Нови изјави за самоизолација потпишале 9 граѓани, а решенија за изолација од Државниот санитарен испекторат биле издадени за 10 лица.

error: Content is protected !!