Пораст на нови случаи со ковид 19

Тетовскиот регион бележи пораст на новите случаи со ковид 19. Ако во средината на февруари, ситуацијата беше стабилна и бројот на активни случаи се спушти на околу 200, сега повторно се зголемува.

Се бележи пораст на бројот на новозаразени со ковид 19. Речиси 300 активно болни се регистрирани во тетовскиот регион. Откако статистиките во февруари покажуваа помалку нови случаи, за разлика од предходните месеци, граѓаните како да се опуштија, па не ги почитуваат целосно мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот.

Заклучно со вчерашниот ден во овој регион се регистрирани 292 активно болни со ковид 19, што споредено со средината на февруари, кога бројката се спушти на околу 200, значи зголемување на бројките.

Токму минатиот месец 369 лица оздравеле, 379 биле позитивни на вирусот, додека 10-мина пациенти починале.

Во првиот ден од март, пак, имало 7 новозаразени, 5 оздравени и 1 едно починато лице.