Порибување на река Пена и река Вардар

Порибување на река Пена и река Вардар како дел од годишниот план на здружението „Риболовец Вардар“ Брвеница  кое секоја година има обврска да пориби во просек до околу 100 килограми риба. Денес, тоа го сторија под мостот кај Шарена џамија во Тетово. Во моментов на сила е забрана за ловење на риба до месец април, па од здружението велат дека се надеваат оти рибата ќе опстане. Претседателот на здружението додава дека во Пена опстојува само пастрмката.

Од здружението велат дека имаат служби кои се на терен и реагираат колку што можат во однос на депониите кои се честа глетка на реките во регионот.

Здружението е концесионер од 2019 година, а ќе биде и во следните 6 години, а во концесијата спаѓаат сите реки и притоки од реката Темишница, Брвеница, до Дрвен Мост, Радуша.

error: Content is protected !!