Посебен сообраќаен режим за празникот Голема Богородица во Лешок

Од полицијата најавуваат посебен сообраќаен режим за време на прославата на празникот „Голема Богородица“ во манастирскиот комплекс во село Лешок, односно на 27-ми и 28-ми август.

Секторот за внатрешни работиТетово ги интензивираше планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод престојниот православен христијански празник „Голема Богородица“,  кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Во рамките на овие активности, покрај другото, се известуваат граѓаните дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август во 16 часот. При тоа, влезот кон манастирскиот комплекс ќе се реализира преку главната клучка од регионалниот пат кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино.Со цел полесно да се ориентираат возачите, на неколку места ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе бидат распределени и полициски службеници кои ќе го регулираат одвивањето на сообраќајот во двете насоки.

Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до  манастирскиот комплекс им се укажува да ги паркираат само на определените локации за таа намена  и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно.                                                                           

На граѓаните им се препорачува, исто така, при пристигнување до манастирскиот комплекс да не ги оставаат возилата на локалниот и регионалниот пат, да бидат трпеливи, непотребно да не брзаат и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.

Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 27-ми и 28-ми август ќе ги зајакнат контролите на угостителските и други објекти во и околу манастирскиот комплекс, а кои ќе се однесуваат на тоа-колку ги почитуваат протоколите за работа поврзани со „ковид-19“.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира максимално да се почитуваат сите препораки на највисоките здравствени власти и посебно владината Уредба за задолжително носење на зашптита на лицата и држење на физичка дистанца.

error: Content is protected !!