Посебна соба на инфективното одделение во Гостивар за сомнителни случаи на коронавирус

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

На инфективното одделение во гостиварската болница опремена е просторија за изолација на евентуални пациенти сомнителни на коронавирус. Во просторијата има три болнички кревети, заштитни маски, очила, капи, ракавици и мантили за една употреба, како и средства за дезинфекција.

Инфективното во Гостивар е едно од трите одделенија во земјава, покрај во Штип и Велес за кои министерот за здравство Венко Филипче информираше дека се определени за опсервирање и следење на сомнителни случаи, ако се јави потреба.

Директорот на болницата во Гостивар, д-р Јакуп Јакупи рече дека ја опремиле просторијата според препораките на Министерството, а обезбедиле и посебно амбулантно возило за транспорт на евентуални заболени.

„По препораките на Министерството за здравство ги презедовме сите неопходни мерки. Направивме изолација на една просторија на инфективното одделение, го снабдивме одделението со поголем број на стерилни маски, капи, мантили. Неодамна се снабдивме со уште едно амбулантно возило, кое е подготвено да се стави на располагање. Има и доволно количини на потребните средства за дезинфекција и за одделението, за персоналот, возилото. Се надеваме дека нема да има случаи со коронавирус, но ние сме подготвени и ги презедовме сите мерки“, изјави Јакупи.

Toj вели дека доколку дојде до згрижување на пациент сомнителен на корона, тогаш инфективното одделение ќе се затвори за останатите пациенти, односно тие ќе се пренасочат на другите одделенија.

Во земјава до сега не е регистриран случај на заболен од коронавирус. Здравствените власти ги зајакнаа мерките на превенција и формираа Кризен штаб во рамките на Министерството.

Материалы по теме:

Обезбедена храна и облека за семејствата што живеат во шатори кај гостиварска патарина
Зрак надеж и светлина во црното секојдневие за трите ромски семејства, кои со мали дечиња живеат во субстандардни услови покрај гостиварската патарина. Хуманитарната  организацијата ...
Реновирањето на хирургија во Гостивар е при крај – просторот разубавен со уметнички дела
Привршува реконструкцијата на хирургија во општата болница „Д-р Ферид Мурат“ во Гостивар.  Пациентите кои во иднина ќе се оперираат и третираат на ова одделение, ...
Секторот за образование алармира на недостиг на учебници во училиштата во Гостивар
Недостигот на учебници во основните и во средните училишта е загрижувачки и Министерството итно мора да преземе мерки, потенцираа денес на прес конференција од ...
Само 4 регистрирани случаи на грип сезонава во Гостивар
Грипот падна во сенка на коронавирусот. За разлика од претходните години, кога овој период грипот беше најчестата зараза меѓу граѓаните, годинава заболените може да ...
Гостивар се вклучува во Европската недела на мобилност
Гостивар се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните во борбата против аерозагадувањето - ...