Посета на Воспитно- поправниот дом во Волковија


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Владини и невладини претставници денес беа во посета на Воспитно- поправниот дом во тетовска Волковија.

Увид во условите и начинот на работа на Воспитно- поправниот дом во Волковија денес направија неколкумина владини и невладини претставници. Моментално во него се сместени 16 малолетници, кои се вклучени во процесот на образование и ресоцијализација.  

ВП Домот е поддржан и од Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, пак, велат дека оваа воспитно поправна установа треба да биде пример за другите установи од ваков тип.

Воспитно поправниот дом  во Волковија започна со работа во ноември минатата година.