Последен аплауз за Миодраг Николиќ – Панта

Театарска грамада – вака го опишаа Миодраг Николиќ – Панта, неговите тетарски колеги додека со емоции говореа за неговиот неверојатен талент и посветеност на театарската сцена.  Сите се потсетија на неговата скромност и добрина како човек, неговото менторство и љубов кон театарот. На истата сцена на која Николиќ одлично одиграл многубројни улоги, неговите колеги и пријатели му оддадоа почит и со последен аплауз го испратија во вечноста.

Отворена беше и книга на жалост, во која сите присутни ги запишаа последните мисли и зборови упатени кон бардот на тетовското глумиште Миодраг Николиќ – Панта. Почина на 80-годишна возраст.

Маја Пероска