Последни подготовки во пресрет на Републичка вешта жена

Во пресрет на утрешниот избор на Републичка вешта жена, денес натпреварувачките ги направија последните подготовки. Ги подготвуваа јадењата и трпезите со кои ќе се претстават на утрешната манифестација.

Се прават последни подготовки за утрешната манифестација Република вешта жена за 2023 година, која ќе се одржи во ресторанот Арена во Тетово.

Денес подбедничките од 11 градови од општинските натпревари и гран при категориите, ги подготвуваа своите маси, кои ќе ги оценува жири комисијата, а утре, на изборот на Републичка вешта жена ќе биде прогласена победничката.

Манифестацијата, која е најавено да започне утре во 11 часот како и секогаш ќе биде збогатена со музика во живо и забава за присутните гостинки.

Данијела Билбилоска