Потпишан договор за соработка меѓу УЈИЕ и Колеџот „Хајмерер“
Од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово потпишаа договор за соработка со колеџот „Хајмерер“. Овој договор е резултат на отворањето на факултетот за здравствени науки, кој се очекува да започне со работа во новата академска година, со првата група студенти од насоките – медицински сестри и физиотерапија.
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Колеџот „Хајмерер“ од Косово, денеска потпишаа договор за соработка во областа на здравствените науки. Договорот беше склучен како резултат на отворањето на Факултетот за здравствени науки, кој се очекува да започне со работа во новата академска година со првата група студенти од насоките медицински сестри и физиотерапија.
Колеџот „Хајмерер“, е стациониран во главниот град на Косово, Приштина, а со работа започнал во 2008 година. Ова не е прва соработка на Колеџот со Универзитетот на Југоисточна Европа, а нови соработки меѓу двата универзитети се најавуваат и во блиска иднина.