Потпишан меморандум за соработка меѓу Здруженијата „Бранко Чајка“ и „Мир, слога и стабилност“
Меморандум за соработка меѓу здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и здружението „Мир, слога и стабилност“ од Скопје, денеска беше потпишан од страна на претседателите на двете друштва. Идејата за збратимување произлегла од заедничкото дејствување на друштвата, кое трае извесно време пред се’ во полето на културата. Меморандумот за соработка на двете здруженија е од големо значење меѓудругото и поради целта за поттикнување на заштитата на правата на маргинализираните заедници во државата, истакна претседателот на Здружението „Мир, слога, стабилност“, Димитрије Недиќ.
Здружението пак, „Мир, слога и стабилност“ е релативно ново здружение кое е формирано во јули годинава и кое моментално брои 930 членови.
И претседателката на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово, Соња Андонов, пред нашата камера го истакна значењето на потпишаниот меморандум за соработка.
Здружението на Срби и Македонци, „Бранко Чајка“ соработува и со други друштва од Македонија и соседството. Инаку претходниот месец со свечена манифестација друштвото го одбележа 30-годишниот јубилеј од основањето.
Ивана Серафимовска