Почина архиерејскиот намесник протоереј ставрофор Боге Богојески

Тажна вест за Гостивар и православните верници. Ноќеска во 58-мата година од животот, ненадејно почина протоереј ставрофор Боге Богојески, архиерејски намесник на гостиварското архиерејско намесништво. Човек посветен на религијата, црковниот живот, негувањето на православните традиции и обичаи. Почитуван и ценет од граѓаните, пријателите и своите соработници. Секогаш во служба на верниците и црквата.

Архиерејскиот намесник протоереј ставрофор Боге Богојески повеќе од три децении служеше во архиерејското намесништво во Гостивар, на тетовско-гостиварската епархија – Македонска Православна Црква.

Неговите посмртни останки попладнево беа погребани на градските гробишта во Гостивар.