Почина жена од Гостивар позитивна на коронавирус, во тетовско 6 новозаболени

Почината жена од Гостивар, 6 нови потврдени случаи од регионот на Тетово, 23 новозаболени, а 111 оздравени од коронавирус во земјава. Ова се најновите податоци од Министерството за здравство за состојбата со Ковид 19, во изминатото деноноќие во полошко и Македонија

Според нашите информации, пациентката од Гостивар, на возраст од 59 години боледувала од друга тешка дијагноза. Пред два дена во лоша состојба најпрво била хоспитализирана на инфективното одделение во гостиварската болница, а потоа префрлена во болницата „8 Септември“ во Скопје, каде синоќа починала.  

Освен овој, регистрирани се уште 3 смртни случаи, се работи за жител на Скопје и две жени од кумановско. 

Во збирната стистистика на Институтот за јавно здравје, регионот на Тетово е со вкупно 82 позитивни случаи на корона, додека гостиварскиот со 17.

Надлежните сметаат дека е многу важно граѓаните да се однесуваат внимателно, според мерките и препораките.

„Да носат маски, да држат социјална дистанца и да одржуваат високо ниво на хигиена, тоа се најважните работи“, вели гостиварскиот градоначалник Таравари.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77 , а во моментов активни случаи има 650.

error: Content is protected !!