Почитувањето на мерките е најсигурен начин да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот

По бројот на активни случаи Тетово е веднаш по Скопје и Куманово. Заклучно со вчера во овој регион има 145 лица позитивни на Ковид 19, а вкупната бројка од почетокот на пандемијата достигна 1 348. По општини токму тетовска е на врвот по стапката на смртност, со 82 починати пациенти.

Медицинските лица постојано потенцираат дека бројки на нови случаи секојнедно растат поради непочитувањето на мерките од страна на граѓаните. Носењето маска на лицето е најсигурниот начин да се заштитиме од коронавирусот, а секако и одржувањето на личната хигиена, вели доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на трудот во ПЗУ Медика Центре во Тетово.

Доктор Ефокоски вели дека следи многу тежок есенско-зимски период ако работите не се променат.

error: Content is protected !!