Почна скринингот за Ковид 19 во гостиварските градинки

Сто вработени во детските градинки во Гостивар денес и утре ќе се тестираат за коронавирус. Тестовите се во рамки на скринингот што го прави Министерството за здравство, за да се утврдат состојбите и можностите за отворање на установите кои згрижуваат деца. Земањето на брисеви се спроведува во просториите на Центарот за јавно здравје, според здравствените препораки и протоколи.

„Скринингот започна од 7 часот наутро, вработените одат во групи од по седум лица и планирано е денес и утре целосно да се заврши. Ќе се тестира целиот персонал, негувателки, воспитувачки, администрацијата, управата како и вработените во кујните.“, рече директорката Мирјана Мицоска.

Во периодот додека градинките не примаат дечиња извршено е темелно чистење и дезинфекција на сите простории и установата е подготвена да отпочне со работа, на што се чекаат насоки од Министерството за труд и социјала.

Резултатите од скринингот на вработените во градинките ќе се знаат во текот на наредните денови.

error: Content is protected !!