Почнува сезона на свадби – угостителите подготвени

После две години протоколи и ограничувања, повторно оживува традиционалното прославување на свадбите. Угостителите велат дека последните две години за нив биле тешки, особено за оние кои организираат свадбени прослави. Интересот е во пораст, па веќе голем дел од капацитетите се резервирани за престојниот период.

Со оглед на тоа дека голем дел од свадбените прослави беа одложени заради ситуацијата со пандемијата, угостителите велат дека голем број од прославите се веќе закажани и за следната година.

Маја Пероска