Православните верници во Тетово имаат специфични обичаи за празникот Велигден
На Велики петок според традицијата жените и децата во попладневните часови ги посетија трите цркви во градот, палеја свеќи и се поклонуваа на плаштеницата. Денот на Христовото Воскресение е свечен ден, кога на гости кај своите роднини одат мажите со децата. Иако по пандемијата дел од тетовчани се одлучија да патуваат за празниците, повеќето за овој ден со подготвуваат со денови, осмислуваат декорации за масата и велигденските јајца, па се до нова облека за децата.