Православните верници го чествуваат Рождеството Христово – Божиќ
Православните верници ширум светот денеска го празнуваат Рожеството Христово – Божиќ. Одбележувањето на празникот почнува на Бадник како предвесник на Божиќ, а продолжува утрото кога во православните храмови низ земјава се служи Божиќна литургија по која следува и причест. За Божиќ се врзува и поговорката „Пред Божиќ, зад Божиќ дома да си“ што симболизира дека големиот христијански празник треба да се помине во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на нашиот Спасител.
Големиот христијански празник Божиќ е неработен ден за сите граѓани.
Ивана Серафимовска