Празникот Василица одбележан во Копанце

Одбележувањето на празникот Василица во населеното место Копанце, продолжи и во попладневните часови во саботата на 14-ти јануари, со богослужба, а веднаш потоа следуваше и ручек за присутните, како и делење на лепче со паричка при што беше одреден кумот за следната година. Прославата на празникот беше надополнета и со музика. 

Инаку, населеното место Копанце е познато по василичарскиот маскенбал како автентичен начин на прослава на празникот Василица.  

Ивана Серафимовска