Практиканството – поттик за младите невработени лица

Вмрежување на младите невработени лица и работодавачите преку мерката практиканство на Агенцијата за вработување. Мерката е активна од месецов, а нејзина цел е да се поттикнат младите невработени лица да се здобијат со работно искуство и да стекнат нови вештини. Од Агенцијата за вработување – Тетово, велат дека интересот за оваа мерка е доста голем.

Покрај практиканството, Агенцијата објави огласи и за две други активни мерки – самовработување и раст на правни субјекти.

Маја Пероска