Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, со кандидатите од советничката група од Тетово
“Не дојдов во Тетово за да дадам само поддршка на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, туку поддршка за сите тетовчани – да излезат да гласаат и да му дадат до знаење на криминалот во оваа држава дека веќе нема место за него”. Ова го порача пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, синоќа од тетовското Саат Маало, каде што им се приклучи на кандидатите за советници во преизборните активности.
Кандидатите за советници остварија средби со граѓаните и поделија пропаганден материјал со кој ги запознаа тетовци со нивната програма и идни планови доколку ја добијат нивната поддршка за влез во Советот на Општина Тетово.