Прва конститутивна седница на новото претпријатие „Русино Полог“

Денес се одржа првата конститутивна седница на Управниот одбор на регионалното јавно претпријатие „Русино Полог“. Од управниот одбор велат дека името наскоро ќе се смени, бидејќи се работи за претпријатие за цел регион и не е врзано само за депонијата Русино. Од таму објаснија дека целта е да се изврши и деблокирање на процесот на отстранување на отпад од страна на општините на Полошкиот регион.

За околу 2 недели ќе се почне со изградба на систем за отстранување на отпадните води од депонијата Русино.

Претпријатието веќе има ВД директор со одлука на Советот на градоначалници на Полошкиот регион, господинот Бесим Догани, но за 6 месеци ќе се подготви и јавен оглас за директор согласно Законот за јавни претпријатија. Паралелно се работи и за изнаоѓање нова локација за депонија, но како што велат од Управниот одбор потребно е време за да се спроведат соодветните студии и да се реализира целиот процес.