Прва награда за Зоран Андонов од Тетово на Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“

Зоран Андонов од Тетово освои Прва награда на најголемата државна изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ и тоа на јубилејната, 60-та по ред фотографска манифестација. Во исклучително силна конкуренција неговата фотографија „Тома“ ја освои првата награда во поединечна конкуренција. Исто така дел од изложбата, која ќе се одржи на 28-ми мај, ќе бидат уште две негови фотографии, „Девојка на прозорецот“, во поединечна конкуренција и „Моменти од трагедијата“ во категоријата документарна фотографија.

Данијела Билбилоска