Прва форумска сесија во Тетово во рамки на Проектниот форум

Во текот на следните сесии од предложените проблеми и решенија ќе се развиваат проекти, кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од Швајцарска амбасада.

Граѓани и невладини организации предлагаа проблеми и решенија од областа на социјалната инклузија на маргинализирани групи, на денешната Првата форумска сесија за општина Тетово. Во текот на следните сесии од предложените идеи ќе се развиваат проекти, кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од Швајцарска амбасада.

„Срдествата се доделени за Советот на О. Тетово во вкупен износ од 63 илјади швајцарски франци, од кои 13 илјади веќе се наменети за проект за поголема транспарентрност“, вели Беким Мемети, пртседател на Совет на О. Тетово.

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е граѓаните да го подобрат својот живот, со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, а администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

„Во првите 6 пилот општини има проекти со главна тема за социјалната инклузија на маргинализираните групи, како реконструкција на градинки, младински центри, опремување на ИКТ лаборатории, пристапни рампи и слично. Целта на овие проектни форуми е избор на проект во Тетово од истата област, вели Лејла Небиу“, претставник од УНДП.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Тетово.

error: Content is protected !!