Први и се уште на удар – угостителите постојано соочени со рестрикции

Први, но и се уште на удар – угостителскиот сектор од самиот почеток на пандемијата е најпогоден во однос на воведувањето рестриктивни мерки. Постојаното менување на ограничувањата на работното време се дополнителен проблем и за угостителите и за клиентите. Речиси една година угостителите се соочуваат со загуби. Велат помошта од државата е само насочена кон задржување на персоналот. Голем процент од угостителите, мораат да ги покријат и трошоците за кирија.

Промени се забележуваат и во бројот на гостите. Повозрасните лица избегнуваат посета на ресторани и угостителски објекти.

Угостителите забележуваат дека и покрај тоа што има низа други сектори кои подразбираат фреквенција на голема маса на луѓе продолжуваат со непречена работа и протоколи, додека угостителскиот од самиот почеток е подложен на константни рестрикции.