Предавања за заштита од коронавирус во Гостивар

Мијте ги рацете со сапун и вода, често. Кога кивате или кашлате, правете го тоа во марамче. Одржувајте високо ниво на лична хигиена. Ова беа главните препораки на доктор Фадил Цана, инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, кој денес одржа предавања во Гостивар на тема „Заштита од коронавирус“.

Настаните беа организирани со цел граѓаните подетално да се запознаат што е коронавирус, кои се начините на пренесување и какви мерки треба секој човек да презема за да се спречи неговото ширење. нес одржа предавања во Гостивар на тема „Заштита од коронавирус“.

„Најосновно е одржувањето на личната хигиена, и за тоа постојано и насекаде се зборува. Дури и најзначајните личности од Светската здравствена организација при секој јавен настап порачуваат: Мијте ги рацете често. Потоа, кога кивате или кашлате, правете го тоа во марамче, а ако немате во моментов, тогаш во ракавот кај лактот. Едноставно, секој мора да даде придонес во спречување на ширењето како за своја лична заштита, така и за заштита на сите околу него“, изјави д-р Цана. 

Во Гостивар беа одржани две едукативни предавања. Едно во основното училиште „Исмаил Ќемали“, а второто во општината.

Инфектологот потенцираше дека карактеристично за новиот коронавирус е што многу лесно и брзо може да се пренесе од човек на човек.

Во Македонија до сега лабараториски е потврден еден заболен од корона. Како мерка за превенција, Владата минатата недела донесе препорака да се откажат јавните масовни собири до овој петок, 6 март.

error: Content is protected !!