Предавање за посветено на здравјето на жената

Болницата Оне Хоспитал денес организираше предавање за посветено на здравјето на жената во општинската сала во Тетово.

Со цел навремена информираност, но и стручни одговори на прашања и совети за женското здравје Болницата Оне Хоспитал во соработка со Општина Тетово организираат предавања посветени на здравјето на жената.

Докторката Ирена Гошева, специјалист по гинекологија и акушерство, вели дека едукацијата е превенција на севкупното здравје, а особено ваквите платформи се исклучително важни за жената, во кој било временски период.

Во нашата земја се прави скрининг програма за превенција на карцином на грлото на матката, кој е од голема важност за женското здравје.

Предавање посветено на здравјето на жената ќе биде организирано и на 7 овој месец.

error: Content is protected !!