Предвидено проширување на зонско паркирање во Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, , на прес конференција денес го презентираше планот за зголемувањето на бројот на паркинг места во градот. Според превиденото планот ќе се реализира во неколку фази.

Фаза 1: Јанауари –Март

Во ова фаза на првото три месечја за 2022 година ќе се реализират паркинг местата за која има потреба  само за Собраќаен Проект и согласност од страна на МВР-СВР Тетово, во оваа фаза ќе имаме 195 дополнителни зонски паркинзи, додека затворени паркинзи се предвидени 230 места, така што вкупно во фазата на првиот квартал ќе имаме дополнителни паркинг места од 425 паркинг места.

Фаза 2: Април- Јули

Во оваа фаза се опфатени нови затворени паркинзи каде ќе имаме 415 нови паркинзи и ќе се подготвуват геодетски мерења, инфрасктуктурен проект, земење на дозвола за градба, собраќаен проект и согласносст од МВР-СВР Тетово.

Фаза  3:  Јули – Септември

Оваа фаза опфаќа два булевара, тој на Благоја Тоска со 150 паркинг места и дел од булеварот Илинден со 80 паркинг места, односно вкупно оваа фаза опфаќа 230 паркинг места. Во оваа фаза ќе има интервенции за проширување на профилот на патот, а исто така ќе изготвуват геодетски мерења ,инфрастуктурен проект земење дозвола за изградба собраќаен проект и согласност МВР-СВР Тетово.

Фаза 4: Септември – Декември

Оваа фаза опфаќа и претежно затворени паркинзи како и во втората фаза, со вкупно 130 нови паркинзи. Ќе се изготвуват геодетски мерења, инфраструктурен проект, земење дозвола за изградба, давање предлог на совет за уривање (рушење) на привремените објекти – гаражи, собраќаен проект  и согласност МВР-СВР Тетово.

Фаза 5: 2022/2023

Оваа фаза опфаќа паркирање на катовите вклучувајќи локации: две паркиралишта пред зелениот пазар, со 350 П.М и со 280 П.М, имаме и еден на локацијата кај Судот и паркингот на Попова Шапка со вкупно 924 П.М. за кои работниот тим веќе штотуку започна со анализа и проектирање на планот, ќе се регулираат имотно правните работи со катастарските парцели на паркиралиштата, разгледување на деталните урбанистички планови, припрема на геодетски мерења, проект за градба, одобрение за градба, сообраќаен проект, и согласност од МВР СВР Тетово.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во моментов располага со 420 зонски паркинзи и 220 затворени паркиралишта, додека со планот бројот ќе се зголеми на 425 зонски паркинзи, 775 затворени паркинзи и 1 610 паркинг места на кат