Предлог за продолжува на одбојкарската сезона

Одбојкарската федерација на Македонија до клубовите од машката и женската лига достави конкретен предлог план за продолжување на одбојкарската сезона. Според предлогот, сезоната треба да продолжи на 1ви јуни, а да финишира кон крајот на истиот месец. Потоа треба да се одиграат и завршните натпревари од Купот на Македонија, односно на почетокот на месец Јули.

Одбојкарските првенства беа прекинати на 12ти Март, како и сите останати спортови во земјава. Во моментот на прекинот беа одиграни 12 кола во машка конкуренција, односно 15 во женска. И во двете конкуренции на лидерските позиции се екипите на Вардар.

error: Content is protected !!