Пред банките во Тетово веќе два дена има големи гужви

Пред банките и поштите веќе два дена има големи гужви, претежно пензионери  чекаат ред без минимум физичка дистанца. На терен полицијата и армијата која одржуваше ред повеќе ја нема.

По 5 часа чекање Даница Куриу успеа да дочека ред и да влезе во една од банките во Тетово за да заврши работа. Вели колку можела ја одржувала физичката дистанца, но сепак морала да биде во кругот на самата банка, за да ја повика обезбедувањето кога ќе и дојде редот. Мора надлежните на поинаков начин да ја организираат уплатата и исплатата, вели Куриу.

Гужвите пред банките поштите и другите објекти во Тетово започна со самата пандемија. По апелите на кризните штабови и државните власти асистираше полицијата и армијата.

Ситуацијата се смири редот се воспостави, но од вчера со исплатата на пензиите гужвите пак се појавија. На терен не забележавме полициски екипи. Дел од граѓаните велат дека виновни се и луѓето, но и самите банки кои не работаат со полн капацитет.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово уште еднаш апелираа Народната банка да даде налог за подобро организирање на редот.

Од СВР Тетово велат дека полициски службеници униформирани и во цивилна облека асистира посебно при исплататата на пензии, да не се создаваат мешаници пред самите објекти.За одржување на редот пред и во објектите, непосредно се задолжени банките, односно поштенските објекти, додаваат од полицијата, а нашите екипи интервенираат доколку има нарушување на јавниот ред и мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!