Пред банките и поштата во Тетово, речиси секојдневно може да се забележи метеж

Градоначалничката Теута Арифи со барање до Народната банка за конкретни мерки за решавање на ваквите ситуации.

Редици пред банките и поштата во централното градско подрачје особено во деновите кога се ислаќаат пензиите и правата од социјална заштита. Мерката за оддалеченост од 1 и пол метар воопшто не се почитува, во време кога социјалната дистанца е од клучно значење, според препораките на надлежните. Граѓаните велат дека гужвите се создаваат поради  редуцираното работно време.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи на вчерашниот состанок на Кризниот штаб рече дека ќе биде испратено барење до Народна банка за надминување на ваквите ситуации.

Инаку, со дололнителните мерки на Владата воведен е режим на движење на населението со возраст над 67 години, односно забрана за движење од понеделник до петок во временски период од 12:00 часот до 10:00 часот, како и забрана за движење на децата и младите на возраст до 18 години, од понеделник до петок во временски период од 15:00 часот до 13:00 часот наредниот ден. Од утре се забранува движење на населението, од понеделник до петок, во временски период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викенд деновите од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!